ТРИЧКО НАЦИОНАЛЕ: Со моите стари другари Ѓунер и Фрчко и со социјалдемократскиот кандидат за градоначалник на Центар, Горан Герасимовски. Му посакавме успех во вториот круг

Му посакавме успех во вториот круг. Тој е одреден да ја одбрани највисоката и најважната кота на овие избори. Можеби на некој ќе му се чини претерано, но јас мислам дека изборите во Центар се и избори за Македонија. Би сакал да не е така, но така е. Натпреварот за Центар ќе има силни импликации врз односот на политичките сили на национално ниво и со оглед на нивните идеологии и моралнополитички вертикали, тој избор ќе го допре, позитивно или негативно, прашањето за македонскиот државен и национален проект. Да, да, толкаво, им е значењето. Центар, Карпош,и Скопје не смеат да паднат, нека не ви звучи оваа премногу патетично и титовски, битката не е меѓу вмро и сдсм или меѓу Заев и Мицковски, битката е за Македонија и за нас. Ги повикувам сите пријатели и другари на 31 да гласаат за овој млад и паметен човек, со добри визии за општината, за градот и за државата.