ТУРИСТИТЕ НЕМА ДА ЈА ПОСЕТУВААТ БИТОЛА САМО ТРАНЗИТНО Христо Кондовски се сретна со битолските угостители

Се согласивме и за потребата од формирање на туристички информативен центар, а преку ефикасно менаџирање да се подигне квалитетот на туристичката понуда на Битола со цел туристите да не го посетуваат градот само транзитно, туку вистински да ја восприемат неговата убавина, култура, историја, рече Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Битола.

Отворената и директна комуникација е основа на секоја успешна соработка, а на ова денеска се согласивме со битолските угостители, рече битолскиот бизнисмен Христо Кондовски, кој е кандидат за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ.

– На средба со членови на „Еснаф“ – Здружението за угостителство и туризам од Битола, заеднички ја утврдивме потребата угостителите и туристичките агенции активно да бидат вклучени во процесот на донесување на одлуки во локалната самоуправа во областа на туризмот. Се согласивме и за потребата од формирање на туристички информативен центар, а преку ефикасно менаџирање да се подигне квалитетот на туристичката понуда на Битола со цел туристите да не го посетуваат градот само транзитно, туку вистински да ја восприемат неговата убавина, култура, историја… И сето тоа изменаџирано во функција на локалната економија. Битола има капацитет за тоа – рече Кондовски.

sunwin

tải sunwin

game bài sunwin

tải sunwin

sunwin