УЕФА го суспендира Арнаутовиќ за следниот натпревар

УЕФА донесе одлука со која го суспендира австрискиот фудбалски репрезентативец Марко Арнаутовиќ, по инцидентот што се случи за време на натпреварот меѓу Австрија и Македонија.

„Арнаутовиќ прекрши една од дисциплинските регулативи на УЕФА. Телото за жалби на УЕФА одлучи да го суспендира играчот на австриската репрезентација Марко Арнаутовиќ за следниот натпревар“,

се вели во одлуката на УЕФА.

Арнаутовиќ ќе биде суспендиран против натпреварот со Холандија. На 13 јуни, за време на мечот меѓу Австрија и Македонија, Арнаутовиќ упати навредливи зборови кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

Подоцна, тој преку социјалните мрежи се извинуваше за настанатиот инцидент, но сепак ФФМ одлучи и официјално да се пожали до УЕФА и побара најстрога казна за Арнаутовиќ.

Link with us
Game bài đổi thưởng