ШЕЌЕРИНСКА: Успеавме! Ова е круна на нашата работа во име на јавниот интерес и борбата против корупција, министерство за одбрана на прво место по транспарентност во земјава!

Министерството за одбрана постави пример! Втора година по ред сме први во активна транспарентност меѓу сите локални и државни институции. Уште поважно: оваа година оценети сме со максимален резултат од 100%. Министерството за одбрана е прво министерство што освоило 100% откако се прави рангирањето – стои во анализата на Центарот за граѓански комуникации!

На почетокот на мојот мандат Министерството беше на 40 место, оценето со само 47,6%. За четири години, го подобривме за 53% и го искачивме за 40 места нагоре!

Честитки до целиот тим во Министерството кој работеше на овој резултат, честитки до останатите институции кај кои е забележан напредок. Покажавме дека знаеме што сакаме и знаеме тоа да го сработиме – во име на граѓаните и во полза на јавниот интерес. Има разлика!

Link with us
Game bài đổi thưởng