УСПЕШЕН БИЗНИСМЕН, ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕЦ: Кој е Александар Тодоровски, кандидат за градоначалник за Општина Илинден од СДСМ и коалицијата?

Александар Тодоровски е роден во Скопје, во 1979 година. Своето образование го завршува во Скопје, а живее и работи во својата матична општина Илинден. Меѓу граѓаните во својата општина е познат како бизнисмен и сопственик на неколку компании кои се занимаваат со увоз, извоз и продажба на нафта и нафтени деривати. Уште како студент на Политички студии на Фон Универзитетот, тој паралелно се вклучува и во семејниот бизнис. Во 2009 година се вклучува во партнерски бизнис во компанијата ,,Госв-Транс.

Во 2011 година самостојно ја основа компанијата ,,Ган Петрол Оил“, а потоа и компанијата ,,Транслеад“. Многу брзо, како млад и перспективен бизнисмен, неговите компетеници за партнерско работење ги препознаваат странските компании ,,Consortio International“ и ,,Elite Interlink“ од Бејрут, Либан со кои има соработка. Оваа соработка ја поттикнува идејата да основаат партнерство со соработниците од Бејрут со вложување во заедничка инвестиција и формирање на нова компанија ,,Green Life“ во 2017 година која се занимава со увоз, извоз и продажба на прехрамбени продукти со седиште во Бејрут. Сето ова му овозможува поврзување на двете држави и основање на Либанско-македонски бизнис совет кадешто Александар Тодоровски е претседател, а со овој целокупен труд тој даде значаен придонес во бизнис секторот на нашата држава и е од клучно значење за афирмација и соработка со неколку земји од Блискиот Исток.
Освен професионалните компетенции, лидерски способности и достигнувања во бизнис секторот, тој е и семеен човек, оженет и татко на две деца. Активно се служи со англискиот јазик. Меѓу граѓаните важи за филантроп, личност со духовни вредности, хуманист.

Тодоровски на крајот на минатата година донираше 1500 новогодишни пакетчиња во градинките Гоце Делчев – Миладиновци и Гоце Делчев – Илинден, како и во основните училишта Гоце Делчев – Илинден, Ристо Крле – Кадино и Браќа Миладиновци – Миладиновци со честитки за среќна и успешна Нова Година.

Годинава пак Александар донираше фрески со големина од 30 метри квадратни посветени на Пресвета Богородица -Ширшаја и Благовештение на Пресвета Богородица, а денеска, на првиот школски ден, на најмладите ученици им подари школски прибор со порака за успешна учебна година .