УЖАС – РУСИТЕ СЕ ИЗРАМНИЈА СО НАЦИСТИТЕ ПО ЗЛОТО: Во војната во Украина загинаа 262 деца, а 467 се повредени и ќе останат со инвалидитет или тешки трауми

Врховната рада соопшти дека досега во војната во Украина се убиени 262 деца, а 467 се повредени.

Но, се стравува дека бројот на деца жртви, од почетокот на руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари, можно е да поголем.

Според податоците на украинскиот Парламент, руските сили оштетиле 1.938 училишта или образовни објекти, а 182 се уништени при бомбардирањето.