ВАКВИ ФИРМИ НИ ТРЕБААТ ВО ЗЕМЈАВА: Мебел-Ви по 23 години присуство на домашниот пазар, станува сигурен партнер на повеќе големопродажни европски центри за мебел

Оваа година за повеќето компании од македонската и светската економија е исполнета со многу предизвици, потешкотии и неизвесност предизвикани од пандемијата со Covid-19.

Како компанија за мебел која е прв избор на потрошувачите во Македонија но и сигурен партнер на повеќе големопродажни европски ланци за мебел, со задоволство може да известиме дека во првите 8 месеци од 2020 година бележиме значителен раст на извозот од 32%, споредено со ланската година. И покрај предизвиците со кои се соочуваме сите како општество, добриот производ во комбинација со поставената стратегија и одличните деловни односи со меѓународните партнери даваат значаен резултат.

Новата колекција на гарнитури која опфаќа практични модели со одличен дизајн и квалитет, освен традиционалните партнери ја препознаа и неколку нови компании со големопродажни ланци во Швајцарија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Србија и Грција. Моделите од оваа колекција на Мебел-Ви и трговската марка Mondivi се веќе меѓу стандардната понуда на овие компании.
Први на македонскиот пазар понудивме изработка во нов тип на smart штофови. Овие материјали се одржуваат супер лесно, водоотпорни се и отпорни на дамки и влакна од миленичиња. Инвестираме многу и во технологија за секој дел од процесот, имаме фокус кон контролирано обезбедување на најквалитетни и безбедни суровини како и постојано доедуцирање на целокупниот тим на групацијата Мебел-Ви. Како резултат на ова во Октомври го очекуваме и првиот прекуокенски извоз.

Менаџментот на компанијата е особено горд што во ваква година успеавме и да го зголемиме својот тим на вработени и да продолжиме со нови инвестиции со што активно придонесуваме во развојот на општеството и економијата во целост.

Славиме заедно 23 години Квалитет на кој му верува домашниот пазар и 20 години квалитет на меѓународниот пазар. Заедно продолжуваме во нови успеси.