На 04.09.2022 во 17.33 часот во СВР Скопје, С.П.(31) од Скопје пријавил дека во угостителски објект во Дебар Маало бил нападнат со стаклен предмет од Д.А. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 04.09.2022 во 17.39 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза” било пријавено дека кај нив со повреди биле донесени Л.Г. и И.Е. Од Скопје.
Полициски службеници излегле на местото и во службен разговор со нив Л.Г. и И.Е. изјавиле дека пред угостителски објект во с.Арачиново биле физички нападнати од Б.Н. С.Н. и Б.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.09.2022 во Полициското одделение Петровец, 35-годишна жена од Велес пријавила дека околу 03.00 часот во соба од хотел во с.Петровец, скопско, била физички нападната од нејзиното поранешно момче Б.П.(30). По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.