ВЕНКО ГЛИГОРОВ: ШТО Е ВАЖНО ВО СЛУЧАЈОТ СО МИТРЕВ?

Венко Глигоров

ШТО Е ВАЖНО ВО СЛУЧАЈОТ СО МИТРЕВ?

Приватниот дел од животот на др. Жан Митрев не треба да биде предмет на сеири, вреѓања или осуди. На секого може да му се случи. За осуда се овие постапки на дел од нашите луѓе.

Сепак, Митрев не е ни од далеку светец или голем хуманитарец како што други сакаат да го прикажат, секој од свои различни причини.

Да се кажува дека Др. Митрев спасувал животи со својата работа е слично како за пекарот да се кажува дека не’ спасува сите нас од глад. Секој со својата работа и стручност придонесува да имаме подолг и поквалитетен живот. Со работата и инвестирањето во својата болница, Митрев ги збогатува здравствените услуги во Македонија. Но, …

Да се разбереме … За спасувањето на животите, Жан Митрев добива пари, ги наплатува услугите. Не работи волонтерски посекако. Човекот убаво си ги наплатувал овие услуги сиве овие години. Така треба да биде. Тој е бизнисмен како и секој друг бизнисмен што работи за пари.

Од друга страна Митрев не е обичен бизнисмен. На почетоците медиумите известува дека Митрев користел државни ресурси како никој друг во таа област. Овие државни ресурси сите ние сме ги полнеле. Кажуваат дека Митрев наплатувал и за неизвршени операции и услуги – односно не ги враќал парите ако не се изведе операцијата. Овие постапки фрлаат друго светло на работата на Митрев.

Што се однесува до бизнис практиките на Митрев кон добавувачите, јас имам прилично лошо искуство. Во меѓувреме дознавам дека десетици и повеќе фирми останале изманипулирани и нивниот труд и ресурси не бил платен. Речиси сите според иста шема: последните отприлика 30% од договореното не им било плаќано заради наводно пробивање на рокови. Како се пробиваат роковите? Дел од неговите вработени а и тој лично ти прават сопки и ти отежнуваат да ги испочитуваш роковите. Или се пазарат со дел од вработените на изведувачите “испод маса”. Бизнис етиката на Митрев е НУЛА според мене.

Секако дека вестите поврзани со неговиот син се важни за Македонија. Се работи за државјанин на Германија со македонско потекло. Се работи за лице поврзано со организација на терористички напади. Се работи за лице кое е син на сопственик на болница во Македонија. Дали синот на Митрев имал ограноци во Македонија? Германскиот суд информира дека синот на Митрев добивал пари од својот татко – месечно по илјада евра. Што ако Митрев одлучи да ја продаде болницата или почне да испумпува пари од болницата за евентуално да го спаси својот син од тешки казни?

Нашето приватно здравство почива на услугите на болницата што ја управува Митрев. Потребно е државата (а и јавноста) со особено внимание да го следи развојот на настаните за да може да превенира некои идни несакани последици.

Да повторам: евентуалните страдања на Митрев како човек не смеат да се предмет на сеири и вреѓања. Сето друго, како и професионалниот ангажман, треба да биде третирано како за сите други граѓани и бизнисмени во Македонија.

❤️МК

Венко Глигоров
бизнисмен

tải sunwin

tải sunwin apk

sun win

game bài sunwin sunwin.apk mới nhất tải sunwin apk

sunwin game sunwin sunwin