Вицепремиерот Битиќи се сретна со новиот француски амбасадор Бомгартнер – Да ја унапредуваме и поттикнуваме меѓусебната политичка и економска соработка, потенцијалот за соработка е голем

Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во нашата земја, Н.Е. Сирил Бомгартнер, со кого разговараа за досегашната политичка соработка помеѓу Владата и амбасадата, за економската соработка помеѓу двете земји и за активности со кои соработката ќе се унапреди.

Вицепремиерот му посака многу успех на Бомгартнер во вршењето на новата должност, пришто се заблагодари за досегашната поддршка од Република Франција во евро-интеграциските процеси на Република Северна Македонија и порача дека очекува соработката и понатаму да продолжи.

Новиот француски амбасадор ги реафирмираше ставовите и подвлече дека Франција ќе продолжи со поддршка на реформите во нашата земја, за европската интеграција на Северна Македонија, особено за реформите во правосудството, справувањето со климатските промени и заштитата на животната средина и економски развој на земјата.

Во однос на економската соработка, соговорниците се согласија дека има голем потенцијал за да се унапреди истата. Вицепремиерот Битиќи ги презентираше можностите за инвестирање во Република Северна и посочи декаа во наредните неколку години ќе се реализираа големи капитални проекти во патната, железничката, енергетската и комунална инфраструктура, на кои би можело да аплицираат и француски компании со искуство во соодветните области и кои веќе реализирале вакви проекти.

Вицепремиерот Битиќи и новоименуваниот француски амбасадор Бомгартнер се согласија дека потенцијалот за економска соработка треба да се искористи и дека за тоа ќе продолжат со меѓусебна комуникација и координација.

tải sunwin

tải sunwin

sunwin

sun win

sunwin.apk mới nhất game bài sunwin game bài sunwin