Вицепремиерот Груби ја посети компанијата Бако Натс: Средствата од програмата ИПАРД2, помош за локалните бизниси

Првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, г.Артан Груби,
денеска заедно со заменик директорот на Агенцијата за Финансиска Поддршка во Земјоделството
и Руралниот Развој г.Абдулселам Селами ја посетија компанијата Бако Нутс со седиште во Скопје.

Според првиот вицепремиер компанијата Бако е вистински пример за тоа како треба да се користат
средства како што е програмата ИПАРД 2 и како истите средства да се вратат во инвестиција.

Груби исто така рече дека Република Северна Македонија е лидер во регионот во користењето на
средствата преку програмата ИПАРД 2 и дека нашите компании веќе се на добар пат да го приближат
домашниот земјоделски сектор до европскиот.

Заменик директорот на Агенцијата за Финансиска Поддршка во Земјоделството и Руралниот Развој
г.Абдулселам Селами и сопственикот на компанијата Бако, г.Омер Фејзулаи му соопштија на првиот
вицепремиер Груби дека преку имплементацијата на инвестициите од програмата ИПАРД 2 им се дава
можност на локалните компании да ги модернизираат капацитетите и компаниите кои во овој случај
се опремени со современи машини автоматски ги намалуваат трошоците за производство и со тоа
стануваат поконкурентни на домашниот и странскиот пазар.

Првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, г.Артан Груби, исто
така, рече дека со реализација на нови инвестиции и зголемувањето на домашното производство,
компаниите помагаат да се зголеми бруто домашниот производ, како и економскиот раст на државата а
оваа е добредојдено зголемување во овој период на пандемијата КОВИД-19.