(ВИДЕО) Ахмети za 20-годишнината на ДУИ: Овој јубилеј е посветен на следните две децении, кој е подготвен нека се устрои зад мене

Скопје, 5 Јуни – Скопје, 5 Јуни – Демократската Унија за Интеграција денес во Скопје ја одбележа 20-годишнината од формирањето како политички субјект. На овој настан, претседателот на ДУИ, г-дин Али Ахмети во својот говор целосно го елаборираше успехот на ова дводецениско патување.

Во продолжение следува говорот на претседателот на ДУИ, г-дин Али Ахмети:

Почитувани присутни, сестри и браќа,

Почитувани семејства на паднатите борци и ветерани, почитуван премиер Ковачевски, почитуван поранешен премиер Заев, претседатели на политички партии, министри, претседател на Собранието и пратеници, градоначалници, директори и функционери, почитувани амбасадори, медиуми, почитувани граѓани.

Високо почитувани членови на локалните партиски совети, ограноци, претседатели на ограноци, членови на генералниот совет на ДУИ, Форумот на жените и Форумот на младите

Добредојдовте на јубилејниот роденден на нашето заедничко семејство, Демократската унија за интеграција.

Како денес, пред 20 години се соединија ослободители и слободољубиви, идеалисти и мисионери, миротворци и мирољубиви, интелектуалци и патриоти, се собраа да го основаат нашето заедничко семејство со здрави и стабилни темели, Демократската унија за интеграција.

На нашите две децении (постоење) вчера и завчера им се радуваа десетици илјади граѓани на плоштадите во Скопје и Тетово, со силни и издржани причини, затоа што имаат за што да се радуваат и слават.

Сите заедно им се радуваат на:

МИРОТ,

помирувањето,

спроведувањето на Охридскиот договор,

еднаквоста и правдата,

консензуалната демократија,

внатрешната, регионална и евро-американска интеграција

како и иднината, зелената агенда.

Мирот и помирувањето во нашата земја беа постигнати во соработка со македонските политички партии со преземање заедничка одговорност за спроведување на Охридскиот договор и постигнување конечно помирување меѓу заедниците.

По мирот и помирувањето, работевме за ЕДНАКВОСТ, која дојде преку националните симболи, службениот јазик, правичната и соодветна застапеност, територијалната поделба, универзитетот, и тоа не само Државниот универзитет во Тетово , туку и Универзитетот “Мајка Тереза“ како резултат на волја, помирување и одраз.

Еднаквоста се унапреди во КОНСЕНЗУАЛНА ДЕМОКРАТИЈА која беше постигната преку двојното мнозинство на Бадентер, консензуалното донесување на буџетот, одлучувањето во Владата и Собранието, спречувањето на мајоризацијата и маргинализацијата, афирмација на позитивната дискриминација, заедничките консензуални кандидатури за Претседател на државата, Претседател на Собранието и неодамна и за Премиер на нашата заедничка земја.

Овие чекори доведоа и до целосна ИНТЕГРАЦИЈА во државата, во општините, во владата, во собранието, во администрацијата, во полицијата од 170 полицајци на над 2.000, во армијата од 65 на над 2.000, во администрацијата од 2% до над 21%, па се до највисокото раководство на сите државни институции со целосна одговорност.

Интеграцијата во земјава наметна и регионална интеграција преку нашата политика НУЛА ОТВОРЕНИ СПОРОВИ СО СОСЕДИТЕ и поставување на ЦРВЕНИ ЛИНИИ за нашата партија кои се:

Охридскиот Договор,

Договорот од Преспа,

Договорот за добрососедство.

Од овие црвени линии BРАЌАЊЕ НАЗАД НЕМА и кој сака да биде партнер со нас, мора да ги почитува овие принципи.

Овде сакам да го поздравам и признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква, со која затвори уште еден важен спор за нашата земја.

Регионалната интеграција продолжува со ИНТЕГРАЦИЈАТА во ЕВРО-АМЕРИКАНСКИТЕ вредности и во ЕВРО-АТЛАНСКО здружување.

Денес сме членка на НАТО и имаме зелено светло за членство во Европската унија.

Затоа, во пресрет на отворањето на преговорите за членство во ЕУ, изборите не се решение и бојкотите го попречуваат ова патување.

Мора да работиме на позитивен епилог со нашиот сосед Бугарија за нашиот билатерален спор и да ги стесниме просториите за дејствување на злонамерни агенди во земјата и регионот, кои не се совпаѓаат со нашите западни дефиниции.

Итното затворање на овој спор ќе биде од корист за бугарската заедница во нашата земја, регионот и Европа, но секогаш без да се загрози националниот и јазичниот идентитет на моите сограѓани.

Европа не може биде целосно спокојна без Западен Балкан и тоа треба да биде приоритет на Европската унија колку што е и наш приоритет.

Маргарет Мекмилан ќе истакне дека Првата светска војна е војната што стави крај на мирот, и јас велам дека нејзините последици сè уште траат.

Пред некое време истакнав дека УКРАИНА не е далеку и некои се пошегуваа.

Денес целиот свет е во неизвесност, економијата е загрозена, животот е ранлив.

Гледајќи ги тажните сцени што ги остава војната, се чувствувам разочаран од неодговорноста на рускиот народ, на неиспровоцираните и неразумни руски злосторства и агресија во Украина.

Во тој контекст, денес велам и повторувам дека КОСОВО не е само билатерален проблем, туку е прашање на стабилност и безбедност, како и мир во регионот, во Европа и во заедницата на евроатлантските вредности. Тоа е невралгичната точка на иднината на Европа.

Затоа (велам) ВЗАЕМНО ПРИЗНАВАЊЕ меѓу Косово и Србија веднаш! – ОВА Е ЕДИНСТВЕНО МОЖНО И ПРИФАТЛИВО РЕШЕНИЕ!

Почитувани присутни,

Иднината е пред нас, иднината е ЗЕЛЕНА.

Откако постигнавме еднаквост и интеграција, не случајно пристапивме кон „Злената агенда“.

Зелената агенда е приоритет на целиот демократски свет затоа што значи квалитетен живот, чист воздух и чиста животна средина, квалитетни училишта и болници, конкурентна економија, развој, напредок, модерна инфраструктура, култура, но и бескомпромисна борба против корупцијата и организираниот криминал и напори за задржување на младите во татковината.

Овде, со особено задоволство пред вас, го најавувам поставувањето на камен-темелникот на Коридорот 8 ова лето, и им честитам на Владата за оваа одлука.

Исто така, ги повикувам и сите учесници во општеството, политичари, институции, медиуми, невладини организации, судство и обвинители, да отворат национален фронт против корупцијата и да ја искоренат, не со зборови, пропаганда и клевети, туку со конкретни обвиненија, без лов на вештерки.

Исто така, и порачувам на меѓународната заедница, другите заедници во земјата и политичките партии во земјата, (и им велам) дека во Демократската унија за интеграција ќе продолжите да имате лојален партнер, со збор и со дело, во идеалите и вредностите, фронтмен во гореспоменатите битки.

Додека на моите сопартијци и граѓани, им порачувам дека денешниот 20 годишен јубилеј е посветен на младите кои денеска одбележуваат 20 години од своето раѓање, заедно со Демократската унија за интеграција.

Овој 20 годишен јубилеј е посветен на следните две децении и затоа кој е спремен и подготвен за ова патување, нека го врзе појасот и нека се устрои зад мене.

ЧЕСТИТО!

game sunwin sunwin.apk mới nhất sunwin club

tải sunwin

tải sunwin

tải sunwin game sunwin sunwin.apk mới nhất

sun win