(ВИДЕО) АЈДЕ ГОСПОДА ОД АВМУ, ОХРАБРЕТЕ СЕ: Најдобрата телевизија во земјава, ТВ 24 по петти пат аплицира за национална концесија

Телевизијата, прво како „24 Вести“ е основана во декември 2010-та година, како кабелска, која иако мала, а сепак амбициозна ТВ-куќа, бргу почна да ги освојува срцата на гледачите, кои денес ја знаат само како ТВ 24, откако ја ребрендиравме во 2017-та година.

Бројни новинарски имиња се впишани во создавањето на телевизијата, а јадрото на тимот е препознаено како исклучително професионално и посветено. Денес, ТВ 24 е еден од водечките медиумски сервиси во земјата, со најголема доверба и со исклучителна гледаност.

Како на почетоците – така и денес, вестите ни се носечки столб на програмата, заедно со анализите, дебатните програми, контактните емисии и магазинските содржини, кои постојано се прават достапни за сите граѓани, како што е толкувањето на знаковен јазик.

Паралелно со зголемувањето на домашната продукција, воведовме и сериозна програма од странска продукција, како серии, филмови, квизови и забавни шоу-програми.

Телевизија 24 има добиено бројни награди, признанија и плакети од страна на новинарски здруженија и асоцијации, невладини организации, студентски унии, меѓународни фактори, но и од вас – граѓаните, од кои како награда ја сметаме вашата постојана доверба, а преку тоа помогнавте да бидеме доста високо рангирани во рамки на досега спроведените анкети на релевантни агенции и истражувачки мрежи.

Оваа потврда е најголемиот подарок за нашиот 11 роденден. Тимот на ТВ 24, ви се заблагодаруваме вам – нашите гледачи, што ни помогнавте да се истакнеме како телевизија на која ѝ се верува, телевизија која се сака, телевизија која се гледа. Нека ни е честит заедничкиот роденден – нам и вам, нашата публика. Да растеме и да зрееме заедно.

sunwin sunwin web tải sunwin

sunwin web game bài sunwin sunwin web

tải sunwin sunwin tải sunwin apk

sunwin

tải sunwin