(ВИДЕО) АКЦЕНТ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА Весковски ветува мост од Карпош кон Бардовци

Економскиот развој е зависен од инфраструктурата, па затоа акцентот во програмата на кандидатот за градоначалник на Општина Карпош Душко Весковски е ставен на инвестиции во неопходната инфраструктура, без да се запостави бизнис-секторот, како и поттикнување на сопствени бизниси.

– Нашата политика во периодот до 2025 година е фокусирана на економскиот развој на Карпош, преку зголемување на соработката со бизнис-секторот и со претприемачите, како главни двигатели на економијата. Во оваа сфера посветено ќе работиме на создавање можности за вработување и поттикнување на младите за основање сопствени бизниси. Развојот на економијата зависи од инфраструктурата и затоа акцентот го ставаме на инвестиции во неопходна инфраструктура, пред сѐ, за дисперзирањето и хуманата планска урбанизација кон Злокуќани и Бардовци. Во таа смисла клучни инфраструктурни проекти се изградба на мостот од улицата Љубљанска – Карпош 4, преку Вардар кон Бардовци, како и изградба на клучката кај Момин Поток, кои се реализираат во соработка со Град Скопје – рече Весковски.

Тој објасни дека политика на хумана планска урбанизација значи, врз основа на темелна анализа, да се реши метежот со паркирање на автомобилите, вклучувајќи воведување зонско паркирање на локациите со голема фреквенција на автомобили.

– Нашата политика во наредните четири години е доследно спроведување на надлежностите на општината, особено редовна реконструкција на општинските улици, кои не биле опфатени со досегашните планови, вклучувајќи поставување и обновување на вертикалната и хоризонталната сообраќајна сигнализација, како и изградба на велосипедски патеки. Обновување и проширување на водоводната и канализациската мрежа, преку координација и соработка со јавните претпријатија на Град Скопје. Редовно одржување и обновување на постојната и поставување нова урбана опрема. Етапно заменување на сите улични светилки со лед „паметни“ светилки, заради значително подобрување на јавното осветлување, но и за значителни заштеди во буџетот – додаде кандидатот на СДСМ, Весковски.

tải sunwin

sun win

sunwin apk tải sunwin sunwin apk

game bài sunwin game bài sunwin tải sunwin apk

tải sunwin