(ВИДЕО) Бочварски: Македонска Каменица и Саса добиваат модерна патна инфраструктура

Продолжуваме со развој на капиталните инвестиции во државата за време на Ковид кризата.
Ваква темелна реконструкција на регионалниот пат Македонска Каменица – рудник Саса немало од неговата изградба.

Преку ЈПДП вложуваме 2,3 милиони евра за реконструкција на 10 километри од овој пат кој ги поврзува с. Саса и с. Моштица и секако еден од најголемите капацитети во источниот регион рудникот Саса.

Веќе е поставен асфалт на 2 километри, а реконструкцијата продолжува со силна динамика и во идниот период додека дозволуваат временските услови.
Инвестираме 23 милиони евра во овој регион во патната инфраструктура за поквалитетен живот и посилна економија.

Ја искористив приликата да остварам средба со градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова и да поразговараме за сите проекти кои се реализираат н локално ниво.

tải sunwin

sunwin tài xỉu

tải sunwin

game bài sunwin

sun win