(ВИДЕО) БОМБА НА ФРЧКОВСКИ: ВМРО И НИВНИТЕ МЕДИСКИ ЗАГАРИ ОСЕТИЈА ДЕКА КОВАЧЕВСКИ И ПЕТКОВ СЕ ПРЕД ОК ДОГОВОР И ПОЧНАА ДА КВИЧАТ ЗА РАБОТИ КОИ ДОСЕГА НЕ БЕА ПРОБЛЕМАТИЧНИ

Бугарската позиција околу проблемите со Македонија во последниве месеци драматично се промени со тоа што историјата е ставена во втор план. Од застарената националистичка политика, сега Бугарија се враќа на Копенхашките критериуми како услов за почеток на преговорите.

-Кај нас работата се одвива обратно. Сега кога малку се олабавија работите, оние кои постојано молчеа сега почнаа да реагираат. Станува збор за токсична политика која е само антивладина и не станува збор само за десничари туку и за т.н. левичари, вели проф. д-р Љубомир Фрчкоски, поранешен ректор и декан, а сега професор на Правниот факултет на ФОН за Утрински брифинг.

Тој за предлогот на Антонио Милошоски сите работи околу спорот да се дебатираат во Парламентот ја оценува како обид за забавување на целиот процес. Фрчкоски вели дека преговорите се работа на извршната власт, а кога работите ќе се доведат до крај тогаш може да се дискутира во Собранието.

Фрчкоски, како еден од творците на Уставот, за отворањето на Уставот вели дека власта има чувство на одговорност па и на вина спроведувајќи една тешка задача.

-Едноставно, не може да има споделена одговорност. Тие треба да знаат дека она што го прават е океј и да продолжат така. Таков беше пристапот на Заев кон Преспанскиот договор. Чувството на тежината на задачата не смее да ја попречи извршната власт, вели проф. Фрчкоски за Утрински брифинг.

Според Фрчкоски, она што ќе треба да се реши соодветно брзо е прифаќање на решенијата 4+1 – став околу јазикот, да биде споменат како македонски, прашањето околу користењето на терминот „бугарски фашистички окупатор“, ставот околу двојното име, што се заврши со нотата до Обединетите нации. Опозицијата гледа дека оваа приказна е успешна и сега сака да ја отежне работата со барањето за вонредни избори во јуни. Владата во меѓувреме ги решава економските проблеми и тоа ја вознемирува опозицијата. Добра е тезата на Владата таа работа со отворање на Преамбулата на Уставот да биде за 10-15 години, вели Фрчкоски.

Тој коментира дека побарувачката на различни заедници за влегување во Уставот е многу голема и треба да видиме кој сѐ смета дека треба да влезе во Уставот како делови од народи и малцинства. Кај нас се користи политички кореектни термини како „дел од народ“ или „етнички заедници кои не се мнозинство“. Терминот „дел од народ“ не би можел да функционира како термин само за Ромите и Власти, оти нема држава во околината во која тие се мнозински народ, вели Фрчкоски.

Отворањето на Уставот повлекува и други барања поврзани со Уставот. Отварањето на Уставот е тешка работа и не може да се прави во секое време. Според Фрчкоски добро е сите барања поврзани со Уставот да се стават наеднаш на маса и да се реши таа работа.

-Албанците со барањето за укинување на квотата 20 отсто, сакаат да постигнат рамноправност на албанскиот и македонскиот јазик. Но, не може сега да се менува Охридскиот договор. Дури сега ќе видат Македонците колку за Македонците е добар тој Охридски договор, вели Фрчкоски.

Националистичкиот бран ќе спласне по решавање на 4+1 и промената на Уставот ќе помине релативно брзо.

sunwin web

tải sunwin sunwin sunwin web

sunwin web sunwin apk sunwin club

sunwin

tải sunwin