(ВИДЕО) БРАВО РАМА, ВУЧИЌ И ЗАЕВ – Превозниците за „Отворен Балкан“: Отворено е сѐ, нема чекање, задржување, нема гужви, за нас возачите е полесно

Табановце е најфреквентниот граничен премин во Македонија. Овде превозниците порано чекаа по неколку часа за премин, а сега гужва нема.

„Иницијативата Отворен балкан ја поедностави ситуацијата. Отворено е сѐ, нема чекање, задржување, поминуваме, за нас возачите е полесно.“, вели превозникот Синиша.

„За транспортерите е олеснување, не се чека на границите, нема камиони, нема гужви“, вели превозникот Пецо Деловски.

Сепак превозниците велат дека сѐ уште имаат проблем на границите со Европската Унија. Затоа на последниот состанок во Тирана, претставниците на трите држави најавија дека ќе ги повикаат и европските земји како Грција, Италија и Романија да се приклучат на иницијативата.

Со меѓусебното признавање на ветеринарните и фитосантарните сертификати не се спроведуваат исти процедури при увозот и извозот и транзитот на стоката меѓу трите држави од иницијативата Отворен Балкан.

„По потпишување на овој договор, една од најважните работи е да не се земаат примероци и во едната и во другата земја. Сертификатите што се издаваат во едната се признаваат и во другата земја и обратно.“, вели управникот на царината во Куманово, Хулуси Јашари.

Очекувањата се дека до март годинава ќе профункционира заедничкиот пазар на труд. Една работна дозвола би важела и во Србија и во Македонија и во Албанија.

Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со министрите за земјоделство на Србија и Албанија, членки на иницијативата „Отворен Балкан“, денеска го посетија царинскиот терминал „Делхазе“ во Белград, каде што практично ги видоа придобивките од иницијативата #ОтворенБалкан“ и беше прикажано како се контролира стоката што се увезува и се продава во Србија.

По тој повод, се разговараше за придобивките што ги носи иницијативата, односно за скратувањето на времето што минува од пакувањето на стоката, преку увозот, до полиците.

Српскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Бранислав Недимовиќ го покажа примерот на ајварот кој вчера беше испратен во Србија од Македонија, а се очекува денеска да се најде на српските пазари.

„На лице место се уверивме дека тоа што е потпишано веќе се спроведува, нема задржување на камионите на граница, се крати времето на чекање, се кратат административните и царинските процедури. За само 24 часа македонските производи, македонскиот ајвар од извозот од нашата држава стасува до полиците на маркетите во Србија, без чекање, без процедури, со признаени сертификати и без дополнителни контроли. Иницијативата „Отворен Балкан“ е од особено значење за сите граѓани, платформа која му е потребна на регионот, силно поздравена од сите. Верувам дека заеднички, со сите вложени напори вредноста на трговската размена значително ќе се зголеми со олеснувањата што ги нуди Отворен Балкан“, рече министерот Николовски.

На денешната посета на центарот „Делез“ присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска, Борис Пашалиќ, кој истакна дека се надева дека ќе ја прошири иницијативата и во соседна БиХ.

Зборувајќи за придобивките од Отворениот Балкан, Недимовиќ изјави дека веќе нема граници за храна.

„Утрово слушнав дека месото на граничниот премин Бајаково, на границата со Хрватска, веќе пет дена чека во магацини да се завршат лабораториските анализи, бидејќи Република Хрватска е членка на Европската Унија. Тоа подразбира контроли, за секоја наша испорака поради анализа на ризикот. Кога станува збор за Србија, Северна Македонија и Албанија, тоа веќе не постои. За храната веќе нема граница“, рече Недимовиќ.

sunwin web sunwin web game sunwin

sunwin sunwin.apk mới nhất sunwin web

tải sunwin

sunwin apk sunwin web sunwin web

sun win