(ВИДЕО) ЦРН ДЕН ЗА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА: Еден полицаец се бори за живот, уапсени се четворица напаѓачи во инцидентот кај велешко Степанци

Еден 48-годишен полицаец кој синоќа беше повреден, откако дрвокрадци нападнаа полициска патрола кај селото Степанци во општина Чашка е тешко повреден и на скопските клиники се бори за живот. Батали.нет дознава дека тешко повредениот е командир во полициската станица Чашка.

Вториот потешко повреден е 51-годишен полицаец, кој има повреда на стомак и е задржан на интензивна нега на хирушкото одделение во велешката болница.

Останатите тројца полицајци имаат полесни повреди, соопшти д-р Васе Пановска Поп Стефанова, началник на итната медицинска помош Велес.

Велешката полицијата го потврди инцидентот и соопшти дека четворица од напаѓачите се уапсени.

“Околу 20.00 часот на стариот пат с.Извор – Прилеп, атар на с.Степанци, група на граќани кои вршеле безправна сеча на огревни дрва ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка. Досега се приведени 4 лица. Се работи на расчистување на случајот”, рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Инцидентот се случил околу 19:45 часот кога полициска екипа од Чашка, отишла на интервенција, откако биле запленети две возила со нелегално исечени дрва.

Екипа на Батали.нет синоќа беше на местото на настанот. Се работи за тешко пристапен терен, до кој се стигнува само со теренско возило. Кога околу 23 часот стигнавме во атарот на село Степанци, не забележавме ниту трага од инцидентот, ниту полициски возила и службеници.

Со години назад дрвокрадци ја пустошат шумата околу село Степанци, на стариот пат од Велес за Прилеп, преку планината Мукос.

sunwin sunwin apk sunwin tài xỉu

sunwin apk sunwin web sunwin.apk mới nhất

game bài sunwin sunwin tài xỉu sunwin apk

sun win

sunwin.apk mới nhất