(ВИДЕО) Директорот на АХВ, Бабовски за Агротим: Правиме сѐ, граѓаните да консумираат здрава и безбедна храна

Николче Бабовски, директорот на АХВ, во изјава за Агротим вели дека Агенцијата за храна и ветеринарство како институција прави сѐ што е во нејзина можност за граѓаните на нашата држава да консумираат безбедна храна.

„И кај нас и секаде во светот 100% безбедна храна не постои. Кој би го рекол тоа, не би ја кажал вистината. Како институција ние преземаме сѐ што е во наша ингеренција, во наша можност, нашите граѓани да бидат во можност да се хранат со здрава и безбедна храна.“, рече Бабовски.

Бабовски нагласи дека редовно се спроведуваат инспекциски контроли и континуирано се следат сите промени во светското и европското законодавство.

„Инспекциските контроли се спроведуваат и кај економските оператори и на граничните премини и во примарното производство. Континуирано ги следиме сите промени што се случуваат и во светското и во економското законодавство. Безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојба на животните ни е еден од приоритетите со којшто се занимава секој еден во Агенцијата за ветеринарство“, изјави меѓу другото Бабовски.

Link with us
Game bài đổi thưởng