(ВИДЕО) ДИРЕКТОРОТ НА ЦУК, ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ БЕШЕ ЛИЧНО ДА СЕ УВЕРИ ДАЛИ Е ПРООДЕН ПАТОТ ДО ГАЛИЧНИК ОД КАДЕ ДОБИЛ ПОВИЦИ ЗА ПОМОШ

Чистење на патот кон село Галичник од снежни наноси

Изјава на директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

“На повик на неколку жители на село Галичник, кои што се наоѓаат во селото до кое што не може да се дојде со возило затоа што патот е со големи наноси на снег на некои места и со по неколку метри длабок снег денес ќе се обидеме да дојдеме до селото и да ги посетиме овие луѓе. Ние веќе апелиравме до Македонија пат, да ги забрзаат работите со чистење на патот бидејќи доаѓаат и велигденски празници и луѓето кои што живеат таму, луѓето кои што сакаат да го посетат овој македонски планински бисер, да можат викендов да отидат во селото. Како што можеме да видиме Македонија пат добро ја има завршено својата работа, патот е пробиен низ длабокиот снег. На некои места наносите се поголеми од еден метар, на некои места наносите се по пет шест метри но се надевам дека овој ден во текот на денешниот ден Македонија пат ќе го исчисти целиот пат до селото за да можеме да ги посетиме овие луѓе. На кои што им се потребни намирници за секој дневен живот”.

Link with us
Game bài đổi thưởng