(ВИДЕО) Доживотен затвор за струмичкиот сериски убиец кој убил двајца сограѓани за да ги ограби, едниот го ставил во буре и го фрлил во браната „Турија“

На казна доживотен затвор е осуден 55-годишниот Марјанчо Велев, кого струмичкиот суд го прогласи за виновен за убиство на струмичанецот Александар Мицев, чие тело беше пронајдено во водите на браната „Турија“.

Обвинителството го товараше Велев за убиство извршено на 9 октомври 2018 година при што од зад грб пукал со огнено оружје калибар 5,6 милимитери со два куршима во главата на Мицев, а неговото тело беше пронајдено на 5 август лани.

Според обвинителството, осудениот Велев откако со убиениот склучил договор за купопродажба на недвижен имот, заедно заминале во село Добрејци за наводна исплата на парите во готово, по што искористувајќи ја приликата кога останале сами и довербата која оштетениот ја имал во него, со два куршума во главата го лишил од живот оштетениот Александар Мицев. Главата му ја завиткал во перница и стреч фолија, го ставил во метален резервоар и го фрлил на дното на езерото „Турија“.

Во образложението на пресудата судијката Марина Абрашева истакна дека го применила член 44 од Казнениот закон за утврдување единствена казна затвор од доживотен затвор, бидејќи осудениот најпрвин го убил Мицев, а потоа извршил уште едно убиство, односно го убил и струмичанецот Ристо Иљашев.

-Недвосмилесмо се утврди од бројните докази дека Велев е сторител на убиството врз Мицев извршувајќи го убиството со огнено оружје од кое испукал два куршума од позади врз жртвата, која е убиена на подмолен начин, рече судијката Абрашева на денешното изречување на пресудата.

Оштетените се упатени на оштетно побарување во парнична постапка.

Обвинететиот Велев, на почетокот на судењето, кое почна на 7-ми овој месец, пред судот се изјасни дека не се чувствува виновен и не го сторил делото за кое е обвинет.

Осудениот има право на жалба до Апелацискиот суд во Штип во рок од 15 дена од изрекувањето на пресудата. МИА

tải sunwin

sunwin

sun win

tải sunwin

tải sunwin