(ВИДЕО) Георгиевска: Од каде го црпеше Мицкоски легитимитетот кога се обидуваше да стане мандатар а не беше ни на пратеничките листи?

Пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска при реплика на опозицијата во врска со кредибилитет и легитимитет на новата Влада од собраниската говорница истакна дека во демократиите во светот неретко е власта на Владата да ја има една политичка опција, а опозицијата да ги добила локалните избори и никој не слушнал дека некој го оспорува легитимитетот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред некое време најави дека ќе се обиде да формира ефикасна политичка Влада, која ќе биде способна да ги решава предизвиците и тоа ќе го направи доколку биде сигурен дека тоа ќе биде влада со сериозен кредибилитет и Влада со силни институции. Одговорете ми од каде ќе го извлече легитимитетот, а не беше на листите за парламентарни избори, нагласи пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска.

Таа нагласи дека Владата ја гласа парламентарно мнозинство, кое дефакто го има и неретко се случува во Владата да има коалиции некој да ја напушти некој да влезе.

Мандатот на пратениците ни е 4 години, не ни се гласа мандатот до локални избори и не знам зошто на исто рамниште ги ставате парламентарните и локалните избори, кога локалната власт е четврта власт по редослед, рече Георгиевска.

sunwin

tải sunwin sunwin apk tải sunwin

sunwin apk sunwin apk sunwin club

sun win

sunwin sunwin apk game sunwin