(ВИДЕО) Градоначалникот Богдановиќ најави голема летна градежна офанзива со реконструкции на 14 улици на територија на Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денес изврши увид во реконструкцијата на три улици во населба Крњево, улиците 164, 166 и Хусеин Бајрам, кои се реконструираат по повеќе од 40 години. Градежните зафати опфаќаат поставување на нов коловоз, тротоари, рабници и атмосферска и водоводна канализација.

На улицата 164 се изведува 250 метри фекална и 270 метри водоводна канализација, се врши замена на долниот строј, се поставува 1375 метри квадратни нов асфалт, 254 метри квадратни тротоари и нови рабници од двете страни по цела должина на улицата.

На улицата 166 во тек е изведбата на 185 метри водоводна канализација. Покрај канализацијата, се поставуваат и 1017 метри квадратни нов асфалт, 231 метар квадратен тротоари и рабници од двете страни по цела должина на улицата

Улицата Хусеин Бајрам добива 924 метри квадратни нов асфалт, тротоари со површина од 545 метри квадратни и нова водоводна и фекална канализација.
„Со овие реконструкции граѓаните на населбата Крњево по повеќе од 4 декади, добиваат нови, безбедни и квалитетни улици, изградени со најсовремени материјали. Нашите активности не застануваат тука, продолжуваме со реконструкциите и во наредниот период. Први наредни улици се крак од Тасино Чешмиче и улицата Драмска, а ќе се реконструираат и уште 9 други“, изјави при денешната посета градоначалникот Богдановиќ.

Општина Центар во изминатиот период реконструираше други 23 улици, а со овие 14 кои се на ред за реконструкција до крајот на летото, се добива вкупна бројка од 37 реконструирани сервисни улици.

Link with us
Game bài đổi thưởng