(ВИДЕО) ХАОС, РАНЕТИ И МРТВИ ВЕЧЕРВА ВО ВИЕНА – ВО ТЕК Е ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА ШЕСТ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ БЛИСКУ ДО ЕВРЕЈСКИ ВЕРСКИ ХРАМОВИ

Центарот на австриската престолнина е затворен и во тек е голема полициска операција, откако вечерва во Виена била нападната синагога.

Австриските медиуми објавуваат имало пукања и детонации и дека е ранет полицаец кој ја чувал зградата, кој е во животна опасност.

„Кронен цајтунг“ наведува дека биле истрелани неколку истрели во близина на плоштадот „Шведенплац“. Напаѓачот, според истиот извор, наводно се разнел активирајќи појас со експлозив, но можно е и неколку други сторители да се во бегство.

Според првичните информации, има и седум загинати и четворица тешко повредени.

Полицијата им порача на граѓаните да останат дома и да ја избегнуваат областа.