ВИДЕО: Искусниот Васил Гарванлиев растури – имаше одлична прва проба на евровизиската сцена во Ротердам

Македонскиот претставник на Евросонгот Васил Гарванлиев заедно со тимот на МРТ, носител на лиценцата за овој избор, во петокот пристигна во Ротердам, Холандија.

Гарванлиев веќе вчера ја имаше првата проба, а звуците на песната „Here I stand“ одекнаа на грандиозната евровизиска сцена во арената „Ахој“.

Според реакциите на присутните и коментарите на официјалниот евровизиски сајт настапот бил одличен. Македонскиот претставник доби позитивни критики од љубителите на Евровизија на социјалните мрежи, а има и пофалби за стајлингот, креација на модниот дизајнер Раде Василев.

Како што напиша Гарванлиев на социјалните мрежи, тој е возбуден и благодарен на коментарите на бројните фанови ширум Европа.

Евровизиската песна „Here I stand“ ја напиша самиот Гарванлиев.

Евросонгот ќе се одржи од 18 до 22 мај, во две полуфинални вечери и големото финале, а Гарванлиев ќе настапува во првото полуфинале, 6-ти по ред.

Неговиот спот има 500 000 прегледи во овој момент:

Link with us
  • go88 go 88 trí tuệ siêu phàm
  • tải rikvip choi rikvip truc tuyen tải game rikvip
  • sunwin bị sập sunwin sunwin lên vtv1
Game bài đổi thưởng