КАФАНСКО ИНТЕРВЈУ НА ТЕЛМА: Водителката Сања Васиќ цел саат со лични коментари ги девалвираше сите одговори на премиерот Заев, а пак прашањата и беа како на вмровска пијандурка пред кооперација…

Цел саат новинарката Сања Васиќ буквално го исмеваше во очи премиерот и владините политики.

Секој одговор на премиерот беше проследен со цинична насмевка и коментар во стилот – ама баш не го гледаме тоа, малце е тоа, ништо не гледаме на терен од тоа што го зборите, предоцна е, премалку е, ништо нема да биде од тоа…

А пак прашањата и беа уште по шокантни во стилот

– ВИЕ ГО ДОВРШИВТЕ СКОПЈЕ 2014-ТА?!?! (Добро дали е нормална?!?!)

– НЕМА ПРАВДА А ВЕТИВТЕ ПРАВДА?!?! (Во затвор е 90% од екс владата и голем број од сегашните функционери плус најголемите мафијаши и моќници се во зандана?!?!)

– Со корупцијата многу слабо ви оди… (за прв пат имаме силна анти корупциска, се апсат први соработници на премиерот, во затвор се најголемите мафијаши и олигарси во земјава)

– Петре го преспа мандатот, ништо не гледаме во Скопје да се работи (А Петре секој ден пушта булевари, паркови, улици, спортски терени, купува нови автобуси, контејнери, нови камиони за ѓубре, нова ЈП Лајка за кучињата, Дрисла е преземена со нова еко печка итн итн)

Итн итн, едно неверојатно лигаво елитистичко цинично интервју каде буквално секое прашање или беше безвезално или беше поклопено со негативистички коментар со исмевање и цинизам, и Телма се фали со професионализам…

Link with us
Game bài đổi thưởng