(ВИДЕО) Костадинов: Нема изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ во последите години која што не е спорна или сомнителна

Отворената истрага врз основа за сомневања за неправилности во изборното рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ само покажува дека во оваа партија ништо не сменето. Според јавно објавени информации, стотина илјади евра, пари од Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ потрошила за изборно рекламирање на интернет портали, дури и на непознати медиуми, без импресум, без редакции, порача денеск на прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Ваквото расипничко и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ е истата, стара, криминална матрица на оваа партија. Речиси и да нема изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ во последите години која што не е спорна или сомнителна. – рече Костадинов.

За изборната кампања за Гордана Сиљановска, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски ја затвори сметката со долг од 400.000 евра, спротивно на законот од член 71 од Изборниот законик. За оваа кампања, но и други, јавноста дозна и за сомнителните шеми преку фирми на Орце Камчев. Претходно, ВМРО-ДПМНЕ предводено од шефот на Мицкоски, Никола Груевски, оставше долгови од над три милиони евра. Односот и кон законите но и кон медиумите, на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е ист и непроменет. – појасни Костадинов.

За потсетување, на почетокот на годинава словенечки медиуми објавија истражување во кое беа наведени сериозни сомнежи дека ВМРО-ДПМНЕ со 2,5 милиони евра, црни пари од Унгарија финансирала медиуми во државава кои ширеа и се уште шират антидржавна пропаганда.

Дали е нешто слично и со последниот случај со интернет порталите, оставаме да покаже истрагата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека помина времето кога се затвораа сметки за изборни кампањи со милионски долгови без да има одговорност, помина времето кога со парите од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ вршеше поткуп на медиуми.

Сега е време на одговорност. Очекуваме надлежните институции брзо да го разрешат овој случај, но и сите претходни случаи каде ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува законите.

Одговорност за овој, но и за сите прекршувања на законите мора да има. Следува ред, правда и дисциплина. – заклучи Костадинов.

sun win

tải sunwin sunwin web sunwin apk

sun win

sun win

sunwin web sunwin web game bài sunwin