(ВИДЕО) КOСТАДИНОВ: Следуваат инвестиции од околу 400 милиони евра во две фабрики за преработка на отпад, Интервентниот план на инвестиции обзбедува нови работни места и почиста животна средина

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев постојано покажува што значи силна посветеност и реализација на мерки и политики што значат развој на економијата, нови работни места и унапредување на животниот стандард.

Во таа насока е и Интервентниот план на инвестиции во вредност од над осум милијарди евра кои треба да се реализираат во периодот 2021 – 2027 година.

Како дел од овој план, предивена е голема странска инвестиција за фабрика за создавање енергија од цврст отпад.

Станува збор за инвеститор од Луксембург кој ќе инвестира 336 милиони евра за фабрика со плазма за согорување односно без кислородно согорување на високи температури.

Оваа инвестиција е во затворен систем без оџак и е целосно еколошка инвестиција.

Покрај фабриката, вкупната инвестицијата содржи и 100 комунални возила за собирање на смет, изградба на 11 претоварни станици и 11 збирни потстаници, 6.000 метални и пластични комунални контејнери, како и асфалтирање на патна делница од 5 км до село Дуброво во Општина Неготино.

Оваа инвестиција освен економски, содржи и еколошки аспект, односно претставува целосно и трајно решавање на отпадот на 74% од територијата на Северна Македонија или опфаќа 48 Општини.

Се работи за целосно странска приватна инвестиција, по пат на Законот за стратешки инвестиции.

Следува и отворање на фабрика за селектирање и преработка на отпад во Источниот и Североисточниот регион, во вредност од 37 милиони евра, средства од ЕУ. За целите на оваа инвестиција веќе е формирано заедничко комунално претпријатие за управување со депонијата односно со новата фабрика во Свети Николе.

Според предвиденото, стартот на изградба би започнала до крајот на годината а истата би опфатила огромен број општини од штипскиот и кумановскиот регион.

Само со овие две инвестиции во вкупна вредност од околу 400 милиони евра освен што отвораме нови работни места и го унапредуваме регионалниот развој, ставаме крај на деценискиот проблем со депониите во нашата држава.

Ова се инвестиции за нови работни места, но и за почиста и поздрава животна средина.

Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 е одлучен чекор преку кој градиме пат на раст и развој на македонската економија.

Ова е сериозен план за инвестиции во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра кој ќе донесе силен рестарт на македонската економија.

Како одговорна партија, продолжуваме да креираме и реализираме мерки и политики за поддршка на економијата, за раст и развој на домашното стопанство, за подобар живот на сите граѓани.

Link with us
  • cai dat sunwin sunwin sunwin bị bắt
  • sunwin lừa đảo tải sunwin sunwin bị công an bắt
  • game sunwin bị sập tài xỉu sunwin tải sunwin
Game bài đổi thưởng