(ВИДЕО) Ковачевски во Братислава, Словачка на отворањето на ГлобСек 2022 за проширување на безбедносниот круг на Европа и зајакнување на отпорноста на европските земји

Со присуството на официјалното отворање на конференцијата ГлобСек 2022 започна учеството на претседателот на Владата Димитар Ковачевски на еден од најважните меѓународни форуми за безбедност што се одржува во Братислава во Република Словачка.

Конференцијата оваа година, во присуство на шефови на држави и влади од Европа и светот и со учество на претставници на најзначајните и највлијателни меѓународни организации и тинк-тенк организации, ја отворија претседателката на Република Словачка Сузана Чапутова, претседателот на Република Украина Владимир Зеленски со видео обраќање, и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.

Во обраќањата на отворањето на Форумот уште на самиот почеток преку обраќањата на претседателката на Словачка Чапутова, на Европската Комисија фон дер Лајен, ги поставија суштинските прашања на темата за безбедносните прашања за иднината и за можните перспективи на Европа, додека, пак, претседателот на Украина, Владимир Зеленски, потсети колку е важно европското единство и отпорот на целиот демократски свет кон воената агресија на Руската Федерација.

Форумот ГлобСек 2022 Братислава оваа година е фокусиран на поддршката за Украина и за поширокото европско соседство за вклучување во безбедносниот круг на Европа, и на поддршката на зајакнувањето на отпорноста на земјите поединечно, како и на глобалните коалиции за спротивставување на агресијата на авторитарните држави.

sunwin

tải sunwin

sunwin sunwin.apk mới nhất game sunwin

tải sunwin

game bài sunwin