(ВИДЕО) Лажни вести за вакцините шири Милошоски, кој е осуден во Германија за кривични дела, демантиран од странски амбасади, познат по ширење лажни вести и манипулации, политичар против кого се води судска постапка и пред македонските судови!

Почитувани граѓани,

Преку пласирање невистини и лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ и нивните курири, свесно и намерно го поткопуваат процесот за набавка на вакцини.

Преку измислени конструкции Мицкоски се обидува да го деградира здравствениот систем.

Владата и Министерството за здравство, од самиот почеток ги користат сите механизми за набавка на вакцини од што е можно повеќе производители.

Во процесот на набавка вакцините се е законски и регуларно.

Првите вакцини веќе се пристигнати, тече вакцинацијата на здравствените работници а се очекуваат и поголемите количини.

Сметаме дека позадината на оваа нервоза во белиот дворец и параноично штанцање невистини се должи на три причини: серијата порази од граѓаните, внатрепартискиот судир во ВМРО-ДПМНЕ и правдата која е веќе тука.

Главен протагонист на овие лажни вести за вакцините, покрај Мицкоски е и неговиот Антонио Милошоски, човек осуден и казнет во Германија за кривични дела.

Тоа е истиот Милошоски, демантиран од странски амбасади, познат по ширење лажни вести и манипулации, политичар против кого се води судска постапка и пред македонските судови.

Ете тој се обидува да го поткопува здравствниот систем и шири лаги за вацините.

Почитувани граѓани,

Во текот на целата пандемија, од ВМРО-ДПМНЕ слушаме само лажни вести, дезинформации, опструкции, обиди за поткопување на здравствениот систем.

Нивните лаги, нивните деструктивни политики се провидни и беа казнети на изборите, ќе бидат казнети и повторно.

Link with us
Game bài đổi thưởng