Прашањето меѓу Бугарија и Северна Македонија е билатерално и не треба да ги запира притапните преговори. И ова не е мое мислење, туку на сите други земји членки на ЕУ, рече холандскиот премиер во изјава за неколку медиуми од земјава.
На прашањето дали е можен пробив на декемврискиот самит на ЕУ, Руте рече дека е претпазлив оптимист.
„Ако граѓаните на Северна Македонија мислат дека прашањето со Бугарија го оставаме да виси, дека не сме заинтересирани и дека Бугарија може да прави што сака, тоа не е точно. Колективно имаме многу разговори со владата во Бугарија и се надеваме дека по изборите в недела ќе се придвижиме напред“, порача холандскиот премиер Марк Руте, кој денеска престојува во посета на Скопје.
Во изјава за неколку медиуми од земјава, по средбата со премиерот Зоран Заев, а пред вечерата со претседателот Стево Пендаровски, Руте им порача на граѓаните на земјава да не губат верба во ЕУ, зашто Холандија и другите земји членки сакаат преговорите да почнат и Северна Македонија, еден ден, да стане членка на Унијата.
За тајмингот на посетата – еден ден пред гласањето доверба на Владата на Зоран Заев, холандскиот премиер рече дека, едноставно, е коинциденција.