(ВИДЕО) “Моќник“ одложен: Судијата ги отфрли бомбите како доказ, Бубевски побара прекин на судењето, ќе се жали за одлуката до апелација!

На денешното рочиште за случајот Моќник во кој обвинети се пратеникот Антонио Милошовски и екс лустраторот Томе Аџиев судечкиот судија ги отфрли бомбите како доказ дека Милошовски му нарачувал на Аџиев да биде лустриран судија од Кичево.

Обвинителот Гаврил Бубевски се спротивстави на одлуката на судијата кој не ги прифати бомбите како доказ оти според судијата биле набавени на незаконски начин и најави дека ќе се жали на ваквата одлука на апелација затоа што според него снимките имале голема важност за јавниот интерес во земјава и тој интерес бил посилен аргумент од начинот на кој снимките биле набавени.

Судијата го прекина судењето и закажа ново рочиште за 23 ти јуни во 11 часот.

Link with us
Game bài đổi thưởng