(ВИДЕО) НАУМОВСКИ: Општина Ѓорче Петров во руралниот дел досега инвестираше речиси 7 милиони евра заедно со Владата

➡️Општина Ѓорче Петров во руралниот дел досега инвестираше речиси 7 милиони евра заедно со Владата.
✅Со помош на Министерството за транспорт и врски поставена е фекална мрежа во должина од 25 км. во руралниот дел.
✅Асфалтирани се 50-тина помали и поголеми улици од кои 15 км. со општински средства.
✅Изградбата на најмодерната градинка во Волково е при крај – проект вреден 1 милиони и 400 илјади евра во соработка со МТСП.
✅Заедно со МОН го доградуваме училиштето „Тихомир Милошевски“ за нови 500 квадрати – инвестиција во вредност од околу 500.000 евра.

✅Волково доби нов современ кружен тек со што се реши сообраќајниот хаос кај ова поранешно „тесно грло“. Инвестирани се 140.000 евра, средства обезбедени во соработка со АФПЗРР.
✅Преку истата Агенција реконструиран е и локалниот пат до Кучково во должина од 1,5 км. Инвестиција во вредност од 280.000 евра.
✅Волково е осветлено со 600 нови штедливи ЛЕД светилки со автоматско управување.
?Ова се само дел од проектите во овој дел од Ѓорче Петров. Граѓаните веќе не препознаваат по темпото на работа. Така и ќе остане. Имаме завршени проекти со кои се гордееме, но и капитални инвестиции кои ќе бидат заокружени годинава.

Link with us
Game bài đổi thưởng