(ВИДЕО) ПАНДЕМИЈАТА НА БАЛКАНОТ ДОЖИВЕА СМРТЕН УДАР, ЦЕЦА СЕ ВАКЦИНИРАШЕ – „Сакам да им се вратам на концертите“, кажа славната мега ѕвезда Цеца додека се вакцинира со кинеската вакцина

Пејачката Светлана Ражнатовиќ – Цеца се вакцинира против коронавирусот. Таа вели дека едвај чека да заврши пандемијата и да му се врати на стариот живот и на концертите. Цеца ги советуваше сите што се немаат вакцинирано, да го сторат тоа.

„Не почувствував ништо. Сметам дека секој совесен граѓанин треба да се вакцинира и на тој начин да се заштити не само себе си туку и семејството и луѓето што го опкружуваат. Јас, како што знаете, имав корона и сум со одредена количина антитела, па по советување со доктор, се вакцинирав. Мораме да сфатиме дека здравствените работници вложуваат огромен напор за да се грижат за нашите граѓани и тоа не смееме никогаш да го заборавиме. Сметам дека луѓето треба да се вакцинираат и дека тоа е нивна обрска. Сакам да се вратиме на стариот живот, да имам концерти, да се веселиме и гушкаме. Ајде да се потрудиме тоа да биде што побргу“, изјави Цеца.

Пејачката се вакцинира на белгардскиот саем. Таа објасни дека ја примила кинеската вакцина на „Синофарм“.

sun win

sunwin club sunwin web sunwin club

tải sunwin

tải sunwin

sun win