(ВИДЕО) Пендаровски: Само Заев е поголем оптимист од Петков, евентуален договор со Бугарија треба да оди на референдум народот да се изјасни

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во гостувањето во ТВ 24 даде своја генерална оценка за денешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков во земјава.

„Ќе речам дека Петков е технократ. На заминување од кај мене му реков дека само Зоран Заев е поголем оптимист од него. Сепак, мислам дека не треба да избрзуваме, затоа што станува збор за едно сензитивно прашање. Не треба да очекуваме резултати преку ноќ. Јазот помеѓу двата народи е огромен“, истакна Пендаровски.