(ВИДЕО) ПОЧНА СРЕДБАТА ПУТИН БАЈДЕН ВО ЖЕНЕВА, ШВАЈЦАРИЈА, НЕМА ДА ИМА ЗАЕДНИЧКА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПО СРЕДБАТА

Путин му се заблагодари на Бајден за иницијативата за средбата и изрази надеж дека средбата ќе биде продуктивна, додека Бајден истакна дека средбата со Путин очи-во-очи е корисна.

Разговорите меѓу американскиот и рускиот претседател – Џозеф Бајден и Владимир Путин почнаа денеска во Женева во тесен формат.

Пред самитот, претседателите на САД, Русија и домаќинот, Швајцарија – Бајден, Путин и Гај Пармелин – направија заедничка фотографија пред вила Ла Гранж, каде што се одржува самитот, почитувајќи ја социјалната дистанца поради пандемијата.

Двајцата претседатели се ракуваа пред да започне самитот.

Путин му се заблагодари на Бајден за иницијативата за средбата и изрази надеж дека средбата ќе биде продуктивна, додека Бајден истакна дека средбата со Путин очи-во-очи е корисна.

Пармелин им посака успешен дијалог на Бајден и Путин и додаде дека е голема чест за Швајцарија да има можност да биде домаќин на двајцата претседатели. Тој им посака успех на двајцата претседатели на англиски и руски јазик.

Средбата нема да биде на само како што направи Трамп, туку присутни ќе бидат министрите за надворешни работи, Лавров и Блинкен.

Се очекува тема да биде размена на затвореници, во Русија се уапсени и осудени на затвор двајца поранешни маринци за кои се шпекулира дека се агенти на ЦИА па Бајден ќе бара нивно ослободување во замена за ист таков чекор од САД.

Link with us
Game bài đổi thưởng