(ВИДЕО) Политичкиот аналитичар Сашо Орданоски смета дека не е мала листата на лица во Македонија кои се засегнати од извршната наредба на Бајден

Во интервјуто за Канал 5, Орданоски вели дека имињата може нема да се објават, но засегнатите секако ќе знаат дека се таму. Тој тврди дека наредбата на американскиот претседател Бајден се однесува и на минатите и на идни активности.

Орданоски во анализата на извршната одлука на Бајден вели дека секој во Владата, кој има причина, треба да биде загрижен. Тој додава дека иако во наредбата на Бајден освен Преспанскиот и Охридскиот, не е споменат договорот со Бугарија, се чини дека во Софија ја примиле пораката.

Орданоски вели дека секоја сериозна партија, која претендира за власт по ова треба да се замисли за своите активности.

Link with us
Game bài đổi thưởng