(ВИДЕО) БРАВО – Предметите во фиока ќе станат минато – воведуваме софтвер за следење на поднесено барање, најави Николовски

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, вечерва гостуваше во „Клик Плус“ на ТВ21 каде кажа дека наскоро ќе се лансира систем за следење на предмети.

Тоа, според Николовски, треба да донесе крај на предметите кои се чуваат во фиоки и за кои долго време граѓаните и правните лица чекаат некаква услуга или одговор.

„Сега ќе го лансираме системот за следење на предмети во сите институции. Сите граѓани, фирми, бизнис секторот, треба да добијат услуга, и имаат впечаток дека се чуваат предмети во фиоки, ќе го имплементираме системот за следење на предмети. Во минатото плашеа граѓаните да пријавуваат корупција. Затоа и бараме секоја институција да има одговорно лице за пријавување на корупција. Затоа правиме се преку имлементација на планот за борба на корупција, да ги мотивираме граѓаните да пријавуваат корупција, а ние неселективно да делуваме онаму каде што институциите ќе откријат дека има корупција“, вели Николовски.

Link with us
Game bài đổi thưởng