(ВИДЕО) Премиерот Ковачевски: Градиме нова политичка култура со транспарентност и отчетност

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска имаше свое обраќање на конференцијата за промоција на петтиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023.

На конференцијата, на која учествуваа и Санџеј Прадан, извршен директор на Меѓународната иницијатива Партнерство за отворена власт, Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација, Фани Каранфилова-Пановска, извршна директорка на Фондацијата Отворено општество и други претставници на институциите и граѓанските организации, премиерот Ковачевски истакна дека Северна Македонија, како една од 78-те земји што во 2011 година ја потпишаа Декларацијата за отворена влада, од која произлезе Меѓународната иницијатива Отворено владино партнерство што е во тесна и продуктивна соработка со граѓанскиот и бизнис секторот и останува максимално посветена на имплементација на принципите за отворена власт.

Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:

„Почитувани учесници на конференцијата,

Република Северна Македонија е една од 78-те земји што во 2011 година ја потпиша Декларацијата за отворена влада, од која произлезе Меѓународната иницијатива Отворено владино партнерство.

Владата во тесна и продуктивна соработка со граѓанскиот и бизнис секторот и денес останува максимално посветена на имплементација на принципите за отворена власт.

Таа вклученост на сите засегнати страни како партнери и како контролни механизми, ја направија оваа Влада потранспарентна и поодговорна. Процесот создаде основа за партиципација, за ефикасно управување со јавните ресурси, за градење на систем на интегритет и за создавање на средина за пристап до информации и отворени податоци.

Горди сме што сме на прво место по отвореност и транспарентност во регионот. Да се биде на последно место во 2016 година, да се стигне до првото место и да се задржи првото место три години по ред, значи волја, одлучност, посветена работа и одговорност.

Придобивките од Отвореното владино партнерство беа јасно препознаени од сите засегнати страни како огромен исчекор во транспарентноста и отчетноста. Затоа овој концепт го прифатија и сега веќе го практикуваат и општините, и Собранието, и судската власт, што е наш сеопфатен придонес во владеењето на правото.

Со креацијата на петтиот Национален акциски план, денеска правиме еден голем чекор напред. Република Северна Македонија е во редот на првите држави кои го проширија опфатот кон сите институции и концептот го проширија кон Партнерство за отворена власт.

Со досегашните 4 национални акциски планови пак, спроведовме над 50 мерки и активности кои директно влијаат врз остварувањата на правата на граѓаните и го подобруваат нивниот статус.

Воедно, преку концептот на транспарентност, отвореност и отчетност ги доближивме институциите до граѓаните и ги вклучивме во процесите за креирање на сите владини политики. Тоа го препознаваме како единствен правилен начин за креирање политики кои одговараат на интересите и потребите на сите граѓани.

Овој концепт имаше огромен придонес за земјата да се трансформира од заробена држава во вистински и прогресивен пример за отворена и инклузивна власт. И тоа не само на Балканот туку и ширум светот. Силната политичка волја за реформи коишто континуирано ги отвораат институциите и ги трансформираат во вистински сервис за граѓаните, остана еден од главните приоритети на оваа власт.

Во оваа насока е и воведувањето на многу нови алатки во изминатите години како што е „Отворен трезор“ преку кој се отворија трезорските трансакции на национално и локално ниво. Преку отворениот трезор директно придонесуваме во намалувањето на корупцијата, а трошењата се ефикасни. Воедно, тоа е нашиот влог во подобрувањето на довербата кај бизнис заедницата и создавањето услови за економски раст и развој.

Во новиот национален акциски план се фокусираме на заложби кои ќе водат кон унапредување на транспарентноста и отчетноста, борбата против корупцијата, достапноста и квалитетот на јавните услуги, пристапот до правда и заштитата на животната средина и климатските промени.

Комплементарен на овие заложби е и процесот на дигитализацијата преку вградување на можностите кои ги нудат напредните технологии. Дигиталните технологии ни овозможуваат консултациите со граѓаните и граѓанскиот сектор да бидат секојдневна и редовна појава. Ниеден политичар повеќе нема оправдување дека немал доволно време или шанса да се консултира со сите заинтересирани страни. Денес, тоа е полесно од кога било досега.

Сето ова коешто го кажав тука пред вас денеска, Владата го прави во интерес на граѓаните, во интерес на медиумите, во интерес на граѓанското општество. Со ова, ние ги поставуваме стандардите на владеење и стандардите на политичко однесување. Градиме нова политичка култура во Република Северна Македонија, што ќе биде обврска и принцип на владеење, како сега така и во иднина.

Ви благодарам.“

sun win

sunwin club

sunwin.apk mới nhất tải sunwin sunwin.apk mới nhất

sunwin apk

tải sunwin