Четири години од потпишувањето на Договорот од 2017 година, Северна Македонија не направила доволно за негово спроведување, но, исто така, не дава и гаранции за негово исполнување. Ова е заклучокот што бил констатиран по неколкучасовниот советодавен Совет за национална безбедност, а го објави бугарскиот претседател Румен Радев пред малку во Софија.
Давањето на согласност за почнување на преговори за Северна Македонија со ЕУ, посочи Радев, не треба да се врзува со рокови, туку со реални остварувања, вклучувајќи ги правата на македонските Бугари.