(ВИДЕО) СЕ ПОЧНА КОГА ИЗРАЕЛ ПОЧНА ДА ГИ ТЕПА МУСЛИМАНИТЕ КОИ СЕ МОЛЕА ВО ЏАМИЈАТА АЛ АКСА – Хаос во Израел : Горат синагоги, Нетанјаху прогласи вонредна состојба

Премиерот Бенјамин Нетанјаху прогласи вонредна состојба во Лод, близу Тел Авив, по извештаите дека припадници на арапското малцинство палеле синагоги и дека Евреите фрлале камења кон автомобилите управувани од арапски жители.

„Ја изгубивме контролата над градот и улиците“, рече градоначалникот на Лод, Јаир Ревиво за News 12 по неколку ноќи насилни судири, во кои еден Арап е убиен, а многумина се повредени.

Полицијата уапсила десетици луѓе преку ноќ во Лод и во претежно арапските градови во централниот и северниот дел на Израел, вклучувајќи го и Ум ал Фам по должината на границата со Западниот брег и Јиср ал Зарк на медитеранскиот брег.

Во крајбрежниот град Акре бил запален Ури Бури, рибен ресторан сопственост на Евреин, а некои арапски жители изјавиле дека се плашат да го напуштат домот.

Во Јафа, во близина на Тел Авив, арапските демонстранти се судрија со полицијата која испукала шок-граната за да ги растера.

Безбедносните служби соопштија дека поради насилството преместиле 16 баталјони на граничната полиција од окупираниот Западен брег во Лод и другите градови во Израел.

Тензиите во арапско-еврејските градови се зголемија бидејќи Израел изврши воздушни напади во Газа, а палестинските милитанти истрелаа ракети кон Израел во ескалацијата на насилството по конфликтот во источен Ерусалим во понеделникот наутро.

Инаку се започна кога пред 5 дена израелската полиција ги истепа муслиманите кои се молеа во светата џамија АЛ АКСА:

Link with us
Game bài đổi thưởng