(ВИДЕО) Се вакцинираше и министерот Филипче: Вакцините се безбедни, сите да се заштитат од оваа страшна болест!

Денеска во СЦ Борис Трајковски се вакцинираше и министерот за здравство, Венко Филипче со кинеската вакцина на „Синофарм“.

Тој упати апел до граѓаните да се вакцинираат и воопшто да не се сомневаат кога станува збор за квалитетот на вакцините.

„Пандемијата не научи да бидеме сплотени, да ги почитуваме мерките. Вакцината е нешто што го чекавме долго време и апелирам сите да се свесни дека вакцините се сигурни, безбедни, дека несаканите ефекти се мали. Системот за вакцинација добро се спроведува. Како ќе доаѓаат вакцините, така ќе бидат прераспределени. Јас се вакцинирав со вакцината на „Синофарм“. Втората доза ќе ја примам после три седмици“, истакна тој.

Link with us
Game bài đổi thưởng