(ВИДЕО) Северна Македонија со спасувачка мисија за уште 97 граѓани од Авганистан, активисти на НДИ

Република Северна Македонија останува посветена на глобалната хуманитарна акција која има за цел да им помогне на граѓаните од Авганистан, кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот.

97 граѓани од Авганистан кои денеска пристигнаа во Скопје ќе бидат привремено сместени додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците за оваа група ќе бидат целосно покриени од Националниот демократски институт за меѓународни работи.

По слетувањето беше спроведена стандардната процедура, поддршка од Црвениот крст, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина.