ВИДЕО: Шоу на „Лозари“од Кавадарци – го запалија градот со светлечки факели во чест на 30-тиот роденден!

Навивачката група на Тиквеш, популарните „Лозари“, го прославија 30-тиот роденден на фанастичен начин.

Приврзаниците на тимот од Кавадарци го запалија градот со пиротехника, точно во 22:10 часот. Имаше факли и огномети, а благодарение на телевизијата „РТК“ тоа беше пренесувано во живо и сите имаа шанса да го видат шоуто.

Роденденот вечно ќе го паметат затоа што Тиквеш оваа година избори место во Првата македонска фудбалска лига, а ракометниот клуб фати опстанок во ракометната Суперлига. Кошаркарскиот клуб од градот, пак, Еуро Никел ќе игра финале во мак-баскетот.

Link with us
Game bài đổi thưởng