(ВИДЕО) СКОПЈЕ ЌЕ ЛИЧИ НА ГОЛЕМИТЕ СВЕТСКИ МЕТРОПОЛИ: ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ОБЈАВИ ВИДЕО КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА НОВАТА КЛУЧКА КАЈ МОМИН ПОТОК, МОДЕРНО И ЗАМИСЛЕНО ДА ЈА ЗГОЛЕМИ МАКСИМАЛНО ПРООДНОСТА НА ВОЗИЛАТА!

ДВА НОВИ КРУЖНИ ТЕКОВИ, ПОДВОЗНИЦИ И НАДВОЗНИЦИ – РЕШЕНИЕ КАЈ МОМИН ПОТОК

Продолжуваме да го движиме Скопје, чекор по чекор доближувајќи го до модерна и европска метропола.

Клучката кај Момин Поток е една од пофреквентните сообраќајници во градот, каде секојдневно поминуваат 25.000 автомобили што резултира со долги колони и огромен сообраќаен метеж.

Со проектот за растеретување и олеснување на скопскиот сообраќај, оваа главна рута кон северот на градот наскоро ќе добие два кружни тека кои ќе го направат движењето на автомобилите многу побрзо, а сообраќајот поефикасен.

Дополнително, поставуваме велосипедски и пешачки патеки со широчина од најмалку 3 метри од двете страни на булеварите, со вкупна должина од 6560 метри, осветлени со најмодерно ЛЕД булеварско осветлување.

Продолжуваме да го движиме Скопје, побрзо и полесно од кога било.

#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна

Линк до видео, овде.

Link with us
Game bài đổi thưởng