(ВИДЕО) Тренчевска: Значењето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство во фокусот на средбата со претничките од Косово

Потребна е сеопфатна политика за борба против насилството врз жените, но и развивање и подобрување на националните политики за превенција и заштита на жртвите од родово базирано насилство врз жените и семејното насилство, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната средба во Собранието, меѓу претставничките од Клубот на пратенички на Република Косово, и Клубот на пратенички на Република Северна Македонија. Министерката Тренчевска ги сподели искуствата од донесениот Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, при тоа посочувајќи дека Министерството и понатаму посветено работи на развивање и подобрување на националните политики за превенција.

„Приоритет е да имаме брза, ефикасна постапка за заштита на жртвите, нивна реинтеграција во системот како и да обезбедиме превенција во насока на намалување на насилството. Со Законот го уредивме постапувањето на институциите, со должно внимание при заштита на жените од сите форми на родово – базирано насилство и на жртвите на семејно насилство, меѓусебната координација на институциите бидејќи ова прашање треба мулти-секторски да се третира од повеќе надлежни институции на национално и на локално ниво. Исто така Законот ги уредува и услугите за заштита на жртвите, односно шелтер центрите и другите форми на помош и згрижување на жртвите. Тука се и мерките за превенција. Законски го уредивме е и воспоставувањето на унифициран модел за собирање на податоците, брзо и ефикасно постапување на судовите и на центрите за социјална работа, како и правото на тужба пред граѓанските судови од страна на жртвите на родово базирано насилство, за утврдување на одговорност за непостапување со должно внимание од страна на надлежните институтици“, рече министерката Тренчевска.

Министерката Тренчевска информираше дека во тек е изработка на прва нацрт верзија од Протокол за меѓусебна соработка на институциите и организациите за постапување со жртви на родово базирано насилтво и на Програма за реинтеграција на жртви на родово базирано насилство како и подзаконските акти за интегрирано собирање на податоци.

„Едно од начелата на кои се заснова новиот Закон е зајакнување на жртвите, односно жртвата има право да учествува во проценката на нејзината состојба и потреби, да биде информирана за мерките, активностите и услугите за заштита, но да учествува и во изборот на услугите и мерките за нејзина помош, поддршка и заштита како и во активните мерки за вработување. Овој пристап е заснован на човековите права и во центар на услугите ја става токму жртвата. Остануваме посветен на борбата против сите видови на насилство и бескруполозна борба против сторителите на насилство“, рече министерката Тренчевска.

Членовите на Клубот на пратенички од македонскиот парламент и косовскиот парламент на денешната средба ги споделија и парламентарните практики на тема „Патот од ратификација до имплементација на Истанбулската конвенција“.

Link with us
Game bài đổi thưởng