(ВИДЕО) ТВ 21: Земјотресот ги вознемири жителите – „Мислевме дека ќе се срушат куќите, утре треба да биде неработен ден за Битола“

Земјотресот со јачина од 5,3 степени што вечерва во 22:43 часот беше почувствуван во земјава, ги вознемири жителите на Битола, кои во голем број ги напуштија своите домови.

Граѓаните велат дека се вознемириле и сметале дека куќите ќе се срушат.

„Утре треба да биде неработен ден за Битола, како ќе одиме на работа? Кој ќе влезе сега дома?“, вели еден граѓанин

Земјотресот предивикал напукнување на ѕидовите во некои објекти, но информации за посериозни штети засега нема.

Во продолжение сведоштво на граѓаните: