❤️ Нашиот Карпош не е само територија, нашиот Карпош се вредностите што ги граделе многу генерации во изминатите четири и пол децении.
Ние, карпошани, имаме обврска да продолжиме да ги развиваме тие вредности и гордо да ги пренесуваме на идните млади поколенија. Нашиот Карпош е интелектуален, економски, социјален и еколошки двигател на Градот Скопје. Одлучни сме целосно да го искористиме овој потенцијал преку поставување и одржување на уште повисоки стандарди на хумано и планско урбано живеење. ?
? Нашата визија за наредните четири години е Карпош да се развие во општина со највисок степен на дигитализација на јавните услуги, со хумана и планска урбанизација што го штити јавниот интерес, ја почитува приватната сопственост и придонесува за економскиот развој, со највисок процент на зелени површини во Градот и Републиката, со чисти улици по кои ќе се движат повеќе велосипеди, а помалку автомобили, со развиена социјална и културна инфраструктура.
#сдсм #најдобротозакарпош #душковесковски12 #локалниизбори2021 #карпош