(ВИДЕО) Вистинска градежна експанзија се случува во општина Кавадарци: Се реконструира улица „Ресавска“ во Кавадарци

Вистинска градежна експанзија се случува во општина Кавадарци. Во градското подрачје на сите страни се работи. „Ресавска“ е само дел од програмата за реконструкција на градски сообраќајници, каде ќе се постави целосно нов слој на асфалт.

Од локалната самоуправа велат дека во наредниот период речиси и ќе нема улица во градот, која нема да биде реконструирана или асфалтирана.

Градоначалникот Митко Јанчев заедно со службите во општината денеска изврши увид во градежните работи на улицата и информира дека за оваа инвестиција општината ќе потроши 7 милиони денари.

„После пробивањето на западен булевар улицата Ресавска доби голема фрекфенција и беше предвидена целосна реконструкција. Ќе се отстрани стариот слој, се прави подобрување на подлогата, нивелирање на шахти и на сливници, а ќе се постави целосно нов слој на асфалт. Со оваа улица е опфатена и улицата „Иван Мазев“наспроти новата градинка. Оваа инвестиција е на општина Кавадарци во висина од околу 7 милиони денари“ изјави Јанчев.

Link with us
Game bài đổi thưởng