(ВИДЕО) ВРЕМЕ Е ДА БИДЕШ АКТИВЕН – СКОПЈЕ ВЕЖБА НА ОТВОРЕНО

Со почеток од утре, 17 мај, па во наредните три месеци, скопјани ќе имаат можност бесплатно да вежбаат и да се рекреираат на отворено со тим од стручни лица од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Секој работен ден, по 18 часот, на различни локации на јавните површини и парковите во Скопје ќе се вежба аеробик, фитнес, пилатес, зумба, спортска јога и атлетика. Проектот „Скопје вежба“ кој има цел да им помогне на граѓаните да го подобрат своето здравје и да ја одржат физичката форма го спроведува Град Скопје во соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

– Градот Скопје преку професионални тренери ќе им овозможи на граѓаните на Скопје бесплатна физичка активност во текот на попладневните часови, од понеделник до петок. Нашата цел е кај помладите генерации да всадиме навики за физичка активност, а кај постарите генерации да стимулираме еден поинаков и поздрав начин на живеење. Сакам да се заблагодарам на Факултетот за оваа заедничка акција со која ќе овозможиме на Скопје и на скопјани еден поинаков пристап кон физичката култура. Се надевам дека на крајот на јули кога ќе заврши оваа активност ќе може со задоволство да ги констатираме позитивните бројки на граѓани кои ја искористиле оваа можност – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната промоција на проектот „Скопје вежба“.

tải sunwin web sunwin mới sunwin moi

go88 go88 trực tiếp gamego88

go88